Во најубавиот дел од градот-Водно, во срцето на престижниот комплекс Panorama Square, се наоѓа ексклузивниот beauty center Pearl & Platinum – оаза на мирот, нега и суптилен луксуз.
Распространaт на површина од над 200 квадратни метри, Pearl & Platinum не е само салон – туку дестинација создадена за оние кои бараат нешто повеќе од стандарден третман. Овде, убавината не е рутина, туку персонализирано искуство, внимателно дизајнирано според вашите индивидуални потреби, желби и стил.
Секој клиент во Pearl & Platinum е посебен. Нашиот тим од високо обучени професионалци нуди индивидуализирани програми и пакети, изработени со прецизност и посветеност, со цел да се постигне не само естетска совршеност, туку и внатрешен баланс. Од моментот кога ќе го преминете прагот, ќе бидете опкружени со комфор,мир и внимателна грижа, во амбиент кој инспирира доверба и вистинско уживање.
Претходно
1 од 7
Следно
Pearl & Platinum располага со:
– Hair Spa и фризерско студио со луксузни третмани за коса
– Масажи, релакс, медицински, антистрес и терапевтски техники
Поврзани објави
– Современи козметички и ласерски процедури
– Маникир и педикир со висококвалитетни производи
– Третмани за лице со професионални луксузни производи на реномираните брендови BABOR или Janssen, третмани за тело, лимфни дренажи, антицелулитни програми.
Исклучително внимание посветуваме на Вашето комплетно искуство за ништо да не ви недостасува. На само неколку чекори од нашиот центар се наоѓа и ресторанот Салваторе – гастрономско рајско катче каде што телото и духот можат да продолжат со уживање. Совршен за после-третман моменти или со посебно мени и за време на процедурите,
Pearl & Platinum е повеќе од beauty centar– тоа е искуство на висока естетика и квалитет каде што времето застанува, а вие сте во фокусот.
Ова е инстаграм профилот на Pearl and Platinum каде што може да ги следите сите промоции и услуги: https://www.instagram.com/pearl__platinum/