
- 43.467 продадени возила на бестселерот во 2024 година Opel Corsa ја потврди својата позиција како најпопуларен мал автомобил во Германија во 2024 година. Според официјалните податоци на Федералната управа за моторен транспорт (KBA), Corsa го зазеде првото место во сегментот на мали автомобили четврта година по ред со 43.467 продадени возила.
Од самото лансирање во 1982 година, повеќе од 14,6 милиони примероци на Corsa се продадени ширум светот. Corsa ја следи традицијата на Opel за демократизација на иновативните технологии кои вклучуваат: Intelli-Lux Matrix светла и бројни современи системи за помош на возачот.
„Opel Corsa е најпродаваниот модел во сегмент на мали автомобили во Германија. Нашиот бестселер импресивно ја истакнува неговата важна улога во нашето портфолио. Ова го вклучува и фактот дека Corsa Electric беше најпродаван електричен автомобил на Opel минатата година. Се радувам оваа успешната приказна на Corsa да продолжи и во 2025 година“, изјави Patrick Dinger, менаџер на Opel Германија.Opel Astra исто така постигна одличен резултат во 2024 година. Со околу 47.600 продадени возила, продажба се зголеми за речиси 90 отсто во споредба со претходната година.
За ЕУРОИМПЕКС
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.