Утре ракометарите на Македонија ќе одиграат втор натпревар во циклусот на квалификациите за пласман на Европското првенство, против селекцијата на Португалија.
По поразот во Скопје, тимот на селекторот Кирил Лазаров ќе се обиде да направи реванш и да победи противник кој во четвртокот славеше со 29:23.
“Треба да добро анализираме првиот натпревар и да се поправиме во реваншот. Со играч повеќе треба да имаме подобра реализација. Имавме два дена за добра анализа и ќе се бориме во Португалија, зошто да не дојдеме до победа. Даваме најдоброто за Македонија и секогаш ќе биде така”, изјави Филип Кузмановски.
Натпреварот против Португалија се игра утре во Матошињош, со почеток во 18:30 часот.
