Почетна МакедонијаKостадиновска Стојческа: Пожарот е локализиран и изгаснат. Универзална сала е осигурана, ќе ја наплатиме штетата

Kостадиновска Стојческа: Пожарот е локализиран и изгаснат. Универзална сала е осигурана, ќе ја наплатиме штетата

од nenad
1 минути читај за

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа, под чие министерство е во надлежност Универзалната сала, претпладнево изјави дека репрезентативниот објект е осигуран и дека штетата ќе биде наплатена, по избувнувањето на големиот пожар.

   

„Пожарот е локализиран и изгаснат. Повикувам брзо да постапат сите инстиотуции. Да не се шират шпекулации. Нема жртви, целиот објект бил празен. Ќе се утврди штетата пред да се продолжи со какви било активности. Тоа ќе го направиме заедно со Градежниот факултет. Објектот е осигурен. Од осигурувањето ќе се санира штетата и ќе се продолжи со градба“, рече министерката.Костадиновска Стојчевска додаде дека за тоа дали имало лесно запалливи материјали оставени од изведувачот рече дека не може да даде стручен одговор.