Претседателот на Украина Володимир Зеленски побара од финскиот премиер Петер Орпо да им ги предаде ловците од четвртата генерација Ф-18 (Хорнет) на украинските вооружени сили, кои Хелсинки ги повлекува.
„Земаме што и да ни дадат… Подготвени сме да научиме да контролираме се што плови или лета. Ако на Финска не и требаат Ф-18, тогаш да ги (земиме) со задоволство“, рече тој на заедничката прес-конференција со Орп, кој сега е во Киев.
Зеленски истакна дека Ф-16 остануваат приоритет за Украина поради нивниот број, што може да ги задоволи потребите на воздухопловните сили на земјата. Сепак, според него, Украина е подготвена „да преземе секаков тип на авиони“, пренесува Спутник.
.


