Почетна Убавина и здравјеInfluencer Awards 2022 доаѓа! Бидете подготвени! – Убавина и здравје

Influencer Awards 2022 доаѓа! Бидете подготвени! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Веќе традиционално, и оваа година компанијата „Колор медиа плус“ е организатор на еден од „најкоментираните“  и најпосакувани избори во нашата земја, U&Z Influencer Awards 2022, на кој ќе се изберат и прогласат највлијателните момци и девојки на социјалните мрежи во нашата земја.Тоа значи дека од 7 ноември до 5-ти декември ќе биде отворен конкурсот на кој ќе може да се пријават заинтересираните натпреварувачи според одредени правила за учество.Конкурсот за U&Z Influencer Awards 2022 ќе се одржува на порталот www.ubavinaizdravje.mk, како и на социјалните мрежи на компанијата и во највлијателното списание за жени во регионот „Убавина и здравје“.За изборот победниците ќе одлучуваат гласовите на читателите и на следбениците на брендот „Убавина и здравје, како и стручното жири.Influencer Awards 2019Предвидени се вкупно 10 категории во кои учесниците ќе можат да се пријават и кои ќе бидат објавени наскоро на порталот www.ubavinaizdravje.mk и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Инстаграм-ѕвездите блеснаа на U&Z Influencer Awards: Еве кој победи во 2019! (Фото-галерија) Поврзани објавиИзборот се спроведува заради промовирање и афирмирање креативни почетници и веќе докажани инфлуенсери, кои имаат потенцијал да вршат значајно влијание преку социјалните мрежи. Целта е да им се помогне да се поврзат со потенцијалните клиенти.Пријавувањето почнува на 7 ноември и трае до 5-ти декември, а прогласувањето на победниците ќе биде на гала-забавата што ќе се одржи во декември.Сите што ќе сакаат да се пријават на овој избор, треба да испратат порака на е-пошта redakcija@ubavinaizdravje.mk или да испратат порака на профилот @ubavinaizdravje.mk на Инстаграм и на Фејсбук.Придружете ни се во славењето на инфлуенсерската заедница во овие категории во чест на оние кои позитивно влијаат на нашите животи преку својата личност, знаење и експертиза.ПОТСЕТЕТЕ СЕ: Прогласени се победниците на Influencer Awards 2020 Имаат различни занимања, интереси и таленти. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи. Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници.Како организатори на изборот, горди сме што го славиме инклузивниот и разновиден талент претставен преку нашите номинирани, победници, презентери и целокупната заедница на влијателни на социјалните медиуми.Наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за правилата за учество, затоа следете нè!Доколку сакате да се потсетите на победниците во 2021 година, кликнете ТУКА.