
Со тоа, „Fiesta“ официјално ќе се повлече во 2023 година, а „Focus“ две години подоцна, како што е најавено.„Focus“ има импресивна историја – се појави во 1998 година како компактен хечбек и се нудеше во различни конфигурации вклучувајќи го и „огнениот“ RS.„Fiesta“ е значајно постар модел – на пазарот пристигна во 1976 година, но му дојде крајот бидејќи побарувачката за вакви автомобили опаѓа, додека компактните кросовер SUV модели стануваат сè попопуларни.„Ford“ продаде 456.000 примероци од „Fiesta“ и 309.000 примероци од „Focus“ во Европа во 2009 година, а до 2021 година тие бројки се намалија на 82.000 и 101.000.

Компанијата се обидува да ги „оживее“ старите модели, а „Puma“ како популарно име во Европа е вратена на пазарот како компактен кросовер и се чини како соодветна замена за одамна пензионираната „Fiesta ST“.Одлуката на „Ford“ да не ги воведе „Fiesta“ и „Focus“ во електричната ера им остави простор на другите произведувачи на мали автомобили во овој сегмент. Компаниите како „Opel“ и „FIAT“ веќе работат на мали градски електрични автомобили со помал досег и побрзо полнење на батериите.„Ford“ сака да користи „поамерикански“ пристап во Европа, а тоа значи потенцирање на кросоверите и SUV автомобилите.