Table of Contents
Мајка му, Моза бин Насер важи за една од најелегантните жени во светот. На власт дошол дури откако неговиот постар брат се откажал од престолот, а во 2005-та година се оженил со втора братучетка со која има 4 деца – што знаеме за емирот од Катар?Додека трае светското првенство во фудбал очите на светската јавност се свртени кон земјата домаќин Катар, но и кон владетелот на земјата Тамим бин Хамад ал Тани, кој во моментов е најмладиот лидер во арапските земји, но и е меѓу најмладите лидери во светот.На раководна позиција е веќе 9 години, а се смета дека тој одиграл главна улога за финансискиот развој на неговата земја.
Во продолжение неколку интересни податоци за владетелот на Катар, што можеби не сте ги знаеле:Тамим бин Хамад ал Тани (42) е владетел на Катар (емир) со целосна управувачка и законодавна власт од 2013-та година.Денешниот владетел на Катар е син на шеика Моза бин Насер, жената која важи за една од најелегантните дами во светот. Моза се омажила за таткото на Тамим пред 45 години и му родила вкупно 7 деца.Се проценува дека катарското кралско семејство поседува богатство од околу 335 милијарди долари, а емирот има само 2 милијарди.Тамим се образувал на најпрестижните европски школи, студирал во Британската кралска воена академија и дипломирал во 1998-ма година (На истата академија каде што студирал и принцот Вилијам).Шеикот од Катар има 42 години, а досега се женел трипати и има 13 деца. Тој е четврти по ред син на поранешниот емир од Катар и неговата втора сопруга и не требало да добие власт, но благодарение на сопственото знаење и способност успеал да се избори за престолот.Во 2003-та година тој бил избран за да го замени неговиот постар брат Јасим како престолонаследник. Во следните 10 години Тамим се подготвувал за да стане емир.
Во 2005-та година Тамим стапил во брак со првата сопруга со која единствено се појавува во јавност. Како што тврдат катарските медиуми, тие двајцата се втори братучеди.Првата сопруга, Џавахер бинт Хамад бин Сухаим Ал Тани (38) е единствената жена на шеикот што го придружува на сите важни настани.Таа предизвика лавина од реакции во мај годинава кога при официјална посета на Шпанија се појави без превез на главата.
На жените во Катар им е дозволено појавување во јавност, само кога косата им е целосно прекриена со вел, а во Шпанија таа не само што не носеше превез, туку се фотографираше до кралицата Летиција во елегантен капут од Chanel и скапа чанта од Hermes.
Џавахер и емирот од Катар заедно имаат 4 деца: два сина и две ќерки, а таа го придружуваше и на погребот на кралицата Елизабета во Велика Британија.Во 2009-та година емирот од Катар се венча со втората сопруга Ал Ануд бинт Мана ал Хајри, ќерка на поранешниот катарски амбасадор во Јордан и заедно имаат пет деца.Во 2013-та година, неговиот татко Хамад, отстапил од престолот со цел да им даде можност на помладите лидери да ја преземат власта и ова било првпат да се направи отстапка од доживотното владеење.Во 2014-та година тој се оженил по третпат со шеика Нура бинт Натал ал Досари со која добил уште четири деца.Се смета дека токму тој е најзаслужен за финансискиот развој на земјата од последната деценија и активно е вклучен во промоција на Катар преку спорт и туризам.