Британскиот јавен сервис BBC направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале.
Во реконструкцијата, BBC се осврнува на просторот, кој во минатото бил магацин за теписи и нема соодветна лиценца за да биде дискотека.
Според нив, два фактора се клучни за тоа зошто и како огнот толку бргу се распространил во објектот, кој, како што нагласуваат и тие, имал само еден влез и излез.
„ДНК почнува со настапот внатре. На најмалку три места се гледа пиротехниката пред сцената, со што почнува огнот. Набргу потоа луѓе се обидуваат со противпожарни апарати да го изгаснат. Првиот смртен фактор е дека таванот е направен од запаливи материјали, а ѕидовите од гипс-картон, кој не е отпорн на оган. Пламенот се шири во зградата. Тука може да видите луѓе како се обидуваат да излезат надвор. Вториот фактор е недостигот на излези во случај на пожар. Властите велат дека имало само еден излез, а тоа било назад зад главниот влез. Постоел овој наводен излез за итни случаи назад. Но, јавниот обвинител вели дека вратата била заклучена, но и онака немало рачка на вратата однатре. Тоа значело дека речиси 500 луѓе морале да се обидат да излезат од каде што дошле, со што се создало стампедо и така висок степен на смртни случаи“, се додава во видеото со реконструкција од катастрофата.
За видеото ТУКА