Почетна Убавина и здравјеСимптом што никако не смее да се занемари – Убавина и здравје

Симптом што никако не смее да се занемари – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ракот на дебелото црево е сѐ почеста болест што ги погодува луѓето, но ретко се забележуваат симптомите додека стане предоцна

Просечниот човек ги празни цревата помеѓу трипати дневно до трипати неделно. Тоа е неопходна телесна функција што помага да се исфрлат од телото несварената храна и другите отпадни производи. Додека изметот може да се разликува по боја и конзистенција од безопасни причини, како што е промена во исхраната, тоа исто така може да сигнализира и нешто посериозно. Од таа причина, експертите советуваат дека е важно да се провери сопствениот измет пред да се пушти вода во тоалетот.

Формата на изметот може да укажува на болест. Поточно, докторите предупредуваат дека тенкиот, тесен измет може да биде знак за повеќе проблеми, вклучувајте и рак на цревата, исто така познат и како колоректален рак.

Врз основа на Бристолската табела на столици, здравиот измет треба да има форма на колбас, да биде тенок и покриен со пукнатини. Иако повремената тесна столица може да биде само знак за констипација, таа исто така може да сигнализира хронични дигестивни проблеми, како синдром на нервозни црева, диверкулитис, па дури и рак.

Ако вашата столица е тесна, личи на лента или моливче, тоа може да значи дека страдате од констипација, што значи дека ги празните цревата помалку од три пати неделно. Тоа може да биде предизвикано од фактори на животниот стил, како што се недоволното внесување влакна, недоволното пиење вода и недоволното вежбање.

Но тенката столица може да биде и знак на опструкција, како што се туморите. Во повеќето случаи, тенките столици најчесто не се причина за загриженост. Но ако имате столица како лента подолго од една недела, побарајте медицинска помош.

Овој совет го поддржуваат здравствените експерти на клиниката Мејо во САД, кои велат:


Поврзани објави

„Тенката столица која се случува одвреме-навреме најверојатно е безопасна. Но во некои случаи, тесната столица – особено ако е тенка – може да биде знак дека дебелото црево се стеснува или има затнување“.

Ракот на цревата може да предизвика и други проблеми со столицата: промени во изметот, како што се помеки изобличувања, дијареја или констипација кои не се вообичаени за вас, а може да предизвика и потреба да одите во тоалет почесто или поретко од вообичаено.

Крвта во изметот е знак дека мора да одите на лекар. Без разлика дали станува збор за темна или светла крв, закажете преглед на доктор.

Други симптоми на рак на цревата се:

  • Често чувствувате дека мора да се испразните, дури и ако штотуку сте биле во тоалет
  • Болка во стомакот
  • Грутка во стомакот
  • Дуење
  • Слабеење без диета
  • Се чувствувате уморно без причина

ФОТО: National Cancer Institute / Unsplash