Почетна Убавина и здравјеВе загрижуваат линиите на вратот? Практикувајте ги овие совети и забавете го процесот на стареење

Ве загрижуваат линиите на вратот? Практикувајте ги овие совети и забавете го процесот на стареење

од nenad
1 минути читај за

Седа коса, болки во грбот, брчки на лицето и вратот се нормална појава со доаѓањето на годините. Но што може да направите за кожата на вратот подолго да ја држи својата младешка форма?

Брчките на вратот се првите показатели на стареење и може да се појават со пад на нивото на колаген на вратот. Дополнително, прекумерното изложување на сонце, лошата исхрана и лошата рутина за нега на кожата може да предизвикаат брчки.

Погледнете како може да влијаете на овој процес…

1.Останете хидрирани

Погрижете се да го хидрирате вашето тело со доволно вода за да спречите појава на линии на деколтето и да ја одржите кожата на вратот здрава. Не само што хидрираноста и користи на вашата кожа, туку и ве одржува здрави во целина. Треба да се стремите да консумирате најмалку 2 литри вода дневно.

2.Консумирајте богата исхрана

Здравата исхрана богата со витамини и минерали е корисна за лекување на брчките. Консумирајте овошје и зеленчук богати со витамини А, Ц и Е што значително ги намалуваат ефектите од стареењето.


Поврзани објави

3.Користете крема со заштитен фактор

Нанесувајте минимум заштитен фактор 30 секогаш кога излегувате, не само на лицето туку и на вратот.

4.Правете вежби за вратот

Вежбите за вратот и јогата за лице можат да ви помогнат да ги тонирате мускулите на вратот, да го подобрите протокот на крв во областа и да го стимулирате производството на колаген.

5.Избегнувајте стрес

Стресот значително придонесува за рано стареење на кожата. Краткото ослободување од стресот може да има неверојатно влијание врз тоа како се чувствува и изгледа телото, дури и на вратот!

Фото: Freepik.com