„Дали ви е непријатно кога го гледате ова?“, вели Бритни.За поп дивата Бритни Спирс се чини дека нема вистински филтер за регулирање на нејзиното однесување на социјалните мрежи. Пејачката не престанува да изненадува со објавите на Инстаграм, а така беше и овој пат.На видеото кое го објави таа се појавува во тесно црвено трико, бели чизми и пуштена коса, а во позадина има балони и елка. Како што напишала во описот, роденденот го слави цела недела:„Да, цела недела ми е роденден, знам дека ми „пропадна“ Инстаграм неколку пати, но искрено последен пат сама го исклучив. Уф…случајно притиснав погрешно копче, проклето копче. Дедо Мраз е на пат. Целта ми е оваа година да научам да бидам опуштена со луѓето, како што се тие со мене“, напиша таа. Поврзани објавиНема сомнеж дека таа цел веќе почна да ја спроведува во пракса, бидејќи во видеото се витка, пие од шише и се мачка со шлаг на лицето. Дали ова видео е за домашна архива или за јавноста, проценете сами. Таа исто така додаде во описот:„Сакам оваа година да одам на свадба, да го грабнам микрофонот, да испеам две песни и да паднам осум пати! Ова е прв пат по 15 години да ме третираат како рамноправна, а добриот Господ знае дека не знаев за ова правило – „НЕМА ПРАВИЛА“. Дали е малку чудно да се гледа ова? Па, тоа е поентата“, заклучи таа.Профилот на Бритни Спирс е повторно исклучен з
Повторно го направи тоа! Бритни Спирс не престанува да шокира со своите објави!
89