Методско-показна вежба со боеви гаѓања се реализираше денеска на армискиот полигон Криволак, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, министерката за финасии Гордана Димитриеска Кочоска, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, генералите во Армијата, командантите на првопотчинетите команди и единици на ГШ на Армијата и градоначалниците на Штип, Неготино и Кавадарци.
Како што беше кажано, целта на оваа вежба, на која за прв пат беше употребен нов систем вграден на лесно оклопно возило – JLTV, далечински управувана вооружена станица, каде лицето кое ракува со системот е заштитено во оклопното возило, е демонстрација на тактички постапки и процедури при изведување на напад, преку интеграција на борбените елементи и борбена поддршка, да се прикаже борбената моќ и капацитетите на подготвеност на зајакнатата пешадиска чета, дел од Лесната пешадиска баталјонска група – ЛПБГ.