Џеф Бонерт речиси се откажал од тоа дека повторно ќе ја види својата домашна миленица Аби откако исчезнала во почетокот на јуни. Два месеци подоцна, тој добил порака од соседот – луѓето што отишле да ги истражуваат блиските пештери нашле куче.
Бонерт се сомневал дека тоа е Аби, но отишол во пештерата и еден од спасувачите му покажал слика која го шокирала. Она што ја прави приказната на Аби уште поневеројатна е фактот што таа за само неколку недели наполни 14 години. Сепак, таа некако успеала да преживее речиси 60 дена сама во темнина и на температура од само 14 степени Целзиусови.
Другото куче на Бонерт, Самер, и Аби „избегнале од дома“ на 9 јуни, но бидејќи секогаш се враќале, сопствениците немале причина за грижа.
Меѓутоа, следното утро Самер се вратил, а Аби не.
Никогаш не се разделуваат. Мислев дека нешто лошо се случило. Мислам, таа е стара. Едноставно можела да ја совлада жештината – се присетува Џеф, кој веднаш ги известил соседите, пријателите и полицијата, но повеќедневната потрага не дала плод.
Поврзани објави
Дури кога група локални истражувачи влегле во пештерата на 6 август, едно од децата што било со нив истрчало надвор и му се пожалило на својот татко дека видело куче внатре. Заедно успеале да ја извлечат Аби, носејќи ја низ тесните и ниски премини, прескокнувајќи преку камења и сталагмити.
Несреќното куче штом го видело својот сопственик, веднаш почнало да закрепнува, бидејќи во пештерата ослабело половина од тежината, а задоволното мавтање со опашката било најголема благодарност до сите спасувачи кои учествувале во оваа необична мисија.
Видео: Youtube