Почетна Убавина и здравјеВедрана Рудан проговори за новиот стадиум на рак и борбата што храбро ја води – расплака многумина – Убавина и здравје

Ведрана Рудан проговори за новиот стадиум на рак и борбата што храбро ја води – расплака многумина – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Познатата писателка откри како се чувствува за време на третманот, но и какви мисли поминуваат низ нејзината глава.

Ведрана Рудан откако објави дека болеста со која се бори напредува и затоа се повлекува од јавната сцена, на својот блог објави нов текст и со него расплака многумина. Писателката во текстот откри какви мисли и минуваат низ главата во текот на процесот на лекување и колку е тешка борбата што моментално ја води со подмолната болест.

Хрватската писателка на 1 август на својата официјална страница објави нов блог со наслов „Бесрамно“, а особено внимание привлече текстот со наслов „Не се каам за ништо“.

Слушнав дека сопругот отвора некои врати во куќата. Побрзав во бањата и навлеков бањарка. Не сакав да види гол изрод. Четириесет проценти од сопрузите ги оставаат жените кога ќе заболат од рак, мојот сопруг не е меѓу нив, напротив, тој се грижи за мене дење и ноќе. Па сепак… Одеднаш ништо не ми пречи. Сите кукаа заради пеколните горештини. Мене ми беше чудно. Луѓе, баталете ги горештините, бидете среќни, немате рак. Сега кукаат бидејќи е студено. Облечете се, што е проблемот? На сите им е студено, а јас сум во излитена, тенка тренерка, зошто да трошам пари на нова, размислувам што да ми облечам кога ќе умрам. Можеби тој зелен фустан што ми го купи сопругот и кој ми беше мал од самиот почеток? Конечно совршено ми стои. И тие болки. Одвреме-навреме ме боли грбот, па раката, нозете, ништо драматично, но секоја болка ја толкувам како танц на метастазите во телото. Не можам да разговарам за тоа со никого, Кејт е далеку, луѓето околу мене имаат други „проблеми“ – пишува таа во текстот, а потоа продолжува:


Поврзани објави

Двапати видов како изгледа умирањето од рак. Дали и јас ќе молам да ме убијат, а знам дека никој од оние околу мене нема да го направи тоа? Еутаназијата е играчка за богатите“, изјави деновиве Жарко Пуховски. Срање, не сум богата. Пред околу половина час ми одѕвони стихот „Зошто се борат моите мисли“. Го барав на Гугл, мислејќи дека ќе налетам на текст од некој што полудува поради ракот. Е*аго, Ѕвонко Богдан го мачат љубовни проблеми – напиша Ведрана во свој стил.

Фото: Facebook (@VedranaRudanBlog)