Почетна ТехнологијаГерасимовски: НAШИТЕ ПРВАЧИЊА ДЕНЕСКА ЗАЧЕКОРИЈА ВО СВЕТСКАТА ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Герасимовски: НAШИТЕ ПРВАЧИЊА ДЕНЕСКА ЗАЧЕКОРИЈА ВО СВЕТСКАТА ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

од nenad
1 минути читај за




На свечената приредба во Паркот на франкофонија првачињата положија заклетва и ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат задачите и ќе бидат добри другари.
Настанот го збогатија хорот на ООУ „Кочо Рацин“ и Театарот „Среќа“ со претставата „Солта поскапа од злато“.

На првачињата им посакувам училишни денови исполнети со среќа и радост. Општина Центар и годинава инвестираше во проширување и модернизирање на училишните капацитети, во нова дигитална опрема, во стипендирање и мотивирање на нашите талентирани ученици, но и во програмите за инклузија. Децата се нашата иднина и заслужуваат квалитетно образование, а ние сме тука за да им го обезбедиме.