Популарната инфлуенсерка Љупка Митрова и нејзиниот долгогодишен пријател Горан Митров преку нивните профили на Инстаграм на своите следбеници им открија дека во блиска иднина започнуваат заеднички бизнис, но без да откријат повеќе детали.
Двајцата споделија интересна видео приказна во кое главната улога се токму Љупка и Горан.
Нивниот нов проект го носи името “Mitroff”, а веќе следниот месец ќе се случи голема промоција и гламурозно претставување пред јавноста…
Поврзани објави
“Не би сакала да откривам повеќе детали, нека го погледнат видеото и нека претпоставуваат што ги очекува наскоро. Можам да кажам само дека конечно ќе реализирам една од моите најголеми желби и тоа заедно со мојот долгогодишен и близок пријател Горан Митров” – накусо изјави Љупка Митрова.
Исто така и Горан беше краток во неговата изјава:
“Само можам да кажам дека подготвуваме нешто ново, модерно и по светски терк”…