Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засили. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.