Почетна ЕкономијаПристапот до Европската Унија од средината на 2025 година ќе се реализира преку новиот систем ETIAS

Пристапот до Европската Унија од средината на 2025 година ќе се реализира преку новиот систем ETIAS

од nenad
1 минути читај за




Пред да патува во Шенген зоната, секој граѓанин мора да аплицира онлајн за дозвола за влез, со плаќање на такса од седум евра со банкарска картичка (таксата не важи за лица помлади од 18 и над 70 години).
Дозволата важи 3 години.

Апликацијата бара пополнување на лични податоци, патна исправа и детали за образование, вработување, како и криминална историја или претходни протерувања. Од патниците, исто така, може да биде побарано да ја потврдат својата хотелска резервација и вработување. Се препорачува да се пополни апликацијата најмалку еден месец пред патувањето.