Криптовалутите, како нематеријален имот се даночат во Македонија. Според Закон, се плаќаат 10 отсто од остварената капитална добивка. Во потакстот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ каде зборуваат адвокатот Душко Гошевски кој има работено во УЈП и бил комисионер во Комисијата за хартии од вредност, како и правникот Антонио Ѓоргиев попознат на јавноста како Крипто Гемиџија, беше појаснето дека ако се инвестираат 1.000 евра во криптовалути и при продажба се добијат 1.500 евра, тогаш 10 те отсто ќе се платат само на добивката од 500 евра, односно само 50 евра во наведениот случај. Исто така, ако има капитална загуба, ништо не се плаќа, при што таа се пренесува во иднина што значи дека ако сте загубиле 500 евра, па потоа сте оствариле при друга трансакција капитална добивка од 500 евра, ништо нема да се плати бидејќи збирот на загубата и добивката е НУЛА. Се напоменува дека загубите и добивките треба да се пријават во УЈП до 10 наредниот месец, односно ако се направени во септември, тие треба да се пријават до 10 октомври тековната година.
Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.
Едукативните содржини за криптовалутите и криптопазарите на Крипто Гемиџија, може да ги најдете на следниов линк:
https://www.youtube.com/@cryptogem