Консумирањето храна која поттикнува производство на колаген е од голема корист за вашата кожа и за севкупното здравје.
Колагенот е протеин кој ѝ дава на кожата структура, еластичност и растегнување. Како што старееме, секоја година производството на колаген се намалува. Од тука потекнува и склоноста кон брчки и истенчување на кожата што ја гледаме со текот на годините.
Затоа, често гледаме како се рекламираат колагенските додатоци на социјалните мрежи и низ продавниците овие денови. Но, дали додатоците на колаген се подобри од колагенот што го добивате од храната? Која храна е богата со колаген?
Супа од коски
Супата од коски се прави со варење на животински коски во вода и се верува дека овој процес го извлекува колагенот. Бидејќи коскената супа се состои од коски и сврзно ткиво, содржи калциум, магнезиум, колаген, глукозамин , амино киселини и многу други хранливи материи.
Пилешко месо
Бидејќи содржи голема количина протеин и пилешкото месо се наоѓа на оваа листа. Доколку се исече цело пилешко, се забележува колку сврзно ткиво содржи живината. Овие ткива го прават пилешкото богат извор на колаген во исхраната.
Сепак, содржината на колаген варира низ пилешкото. На пример, месото од бутовите содржи повеќе колаген отколку месото од градите.
Поврзани објави
Риба
Рибите имаат коски и лигаменти па затоа се тврди дека морскиот колаген е еден од најлесно апсорбираните. Според преглед на студии од 2023 година, оваа форма на колаген може да биде особено корисна за здравјето и еластичноста на кожата.
Белки од јајца
Белките имаат релативно високи количини на пролин. Ова е една од аминокиселините неопходни за производство на колаген.
Лук
Лукот претставува многу повеќе од додаток на вкус . Тој го зајакнува и производството на колаген.Богат e со сулфур, кој е минерал во трагови што помага во синтетизирање и спречување на разградувањето на колагенот.
Фото: Freepik.com