Познатата водителка ги воодушеви своите обожаватели.
Препознатливото лице на утринската програма на телевизијата Сител, Јована Стојменовиќ е многу „скржава“ кога станува збор за огласувањето на социјалните мрежи. Сепак, умее, одвреме-навреме да ги изненади своите следбеници со фотографија, која тие веднаш ја наградуваат со голем број лајкови и позитивни коментари.
Овој пат Јована не можеше да остане имуна на популарниот Instagram Template со насловната страница на Vogue, и сподели летна фотографија која ги воодушеви нејзините инстаграм-следбеници.
Инаку, Јована изминатиов период беше на годишен одмор, од каде што објави неколку фотографии, а судејќи по нив, познатата водителка дефинитивно била инспирација за креирање уметнички дела.
Поврзани објави
Погледнете:
Текст: Убавина и здравје
Фото: Инстаграм