➡️НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ!
➡️Одделението за улично осветлување при општина Кавадарци започна со поставување на ново улично осветлување на повеќе локации во градското подрачје.
✔️Деновиве се отпочна во село Марена, а моментално се работи во Парк Полана и просторот на ул. ,,7- ми Септември’’ околу објектот на Црвен Крст Кавадарци. Во наредниот период ќе се продолжи и на повеќе од 20 локации во општината, и тоа 562 броја светилки, метални столбови со висина од 5 ,6, 8, 10 и 12 метри вкупно 494 броја, во должина од 13.255 метри.
Вкупната вредност на договорот е 65.000.000 денари.
Изведувач на работите е фирмата Елмонд Електро Скопје.
