Како што дознаваме…
Финалистката од минатата сезона Ѓула Дрини ги изненади сите кога најави дека повторно ќе се појави во Ѕвездите на Гранд.
На големо изненадување на сите нејзини фанови, пејачката сподели дека ќе се појави во натпреварувањето во првата емисија од новата сезона.
Како што дознаваме, Ѓула ќе се претстави со нова песна во Ѕвездите на Гранд, која за неа ја напиша Александар Милиќ Мили.
Во сабота 28.9. премиерна изведба на нова песна во првата емисија на Ѕвездите на Гранд. Едвај чекам да слушнете што ви подготвивме јас и Александар Милиќ Мили“ – напиша пејачката.
Поврзани објави
Да потсетиме, Ѓула неодамна проговори за соработката со Мили, а потоа откри како реагирала кога дознала дека тој ќе и направи песна.
Соработката дојде скоро пред финалето, Мили ми пријде и ми рече дека има песна, поточно му кажа на режисерот Горан Шљивиќ и така дојде до соработката. Бев шокирана, тоа беше мојата прва реакција, се прашував дали сонувам, но сега, излезе дека не е сон“ – изјави таа и откри како се подготвува за работа во студио:
Го научив текстот, се трудев што подобро да ја симнам песната, за да можам што подобро да ја претставам и публиката да ми верува“.
Фото: Instagram / djuladrini.official и printskrin Youtube / Zvezde Granda