Почетна Убавина и здравјеИспегланото лице ќе ѝ пукне од ботокс, а вратот збрчкан! – Убавина и здравје

Испегланото лице ќе ѝ пукне од ботокс, а вратот збрчкан! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Мадона не ја пропуштила модната ревија на брендот „Долче и Габана“, а се појавила во издание што остава без текст

Облечена целата во црно, лицето го покрила со драматичен превез од тантела, а многумина заклучиле дека изборот на овој необичен моден додаток бил поврзан со желбата на пејачката да си го сокрие лицето.

Бројните пластични операции што ги направила поп-иконата во последниве години се главна тема и многу обожаватели сметаат дека токму тие се причината за нејзиното постојано покривање на лицето.

Сепак, кога се преслекла во својот втор минијатурен стајлинг за таа вечер, ексцентричната дива брзо ги демантирала сите што мислеле дека црниот превез на ревијата имал некаква друга намена освен модна.

Овој пат се одлучила за малку покомплексен стајлинг, кој се состоел од тесен и проѕирен мини-фустан во бела боја, под кој носела црно боди со крој карактеристичен за познатиот италијански бренд.


Поврзани објави

Целиот изглед го зачинила со деликатни црни детали, како мрежести чорапи, корсет од тантела, проѕирни ракавици и наметка со пердуви.

На нозете носела необични чизмички со шпиц, додека на главата носела детаљ што неодоливо потсетува на плетено милје какво што можеме да видиме во дневните соби на нашите баби.

И додека некои го фалат нејзиниот изглед во 67-та година, други корисници на социјалните мрежи безмилосно го коментираат лицето на пејачката, кое е видно третирано со разни естетски корекции.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @madonna