Почетна Убавина и здравјеЍ се гледаат и целулитот и стомакот, но пак е секси! – Убавина и здравје

Ѝ се гледаат и целулитот и стомакот, но пак е секси! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Модната недела во Милано официјално започна на 17.09, а во прекрасниот италијански град пристигнала и Ешли Греам и на сите им го поматила паметот!

Деновиве, Милано е центарот на модните случувања, а на престижните ревии пристигнуваат бројни познати личности. Имено, Дејвид Бекам одлично се забавувал во друштво на Ана Винтур, а на сите им паднало в очи дека од неговата сопруга Викторија немало ни трага ни глас. Од друга страна, плас-сајз манекенката Ешли Греам им го украла сето внимание на присутните во проѕирен фустан!

Имено, Ешли уживала во ревијата на модната куќа „Алберта Ферети“, а заблескала токму во нивна креација од најновата колекција.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @ashleygraham

Со години наназад оваа 36-годишна убавица доминира во модниот свет, а и овој пат покажала зошто е на врвот.


Поврзани објави

Таа се појавила во проѕирен, лелеав фустан со детали од црна тантела. Под оваа провокативна тоалета ѕиркал градникот во иста нијанса како фустанот, како и длабоките гаќички. Целиот стајлинг го заокружила со благи бранови и влечки на потпетица.

Кога станува збор за шминката, одбрала кармин во бургунги боја, по кој дамите ширум светот буквално полуделе, а нејзините верни обожаватели забележале дека и малку ја затемнила косата.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @ashleygraham