Рибите се последниот хороскопски знак во зодијакот, значи дека станува збор за комбинација од сите претходни 11 знаци.
Затоа константно се борат со менување на расположението и мислите. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат.
Жената Риби ќе го направи животот интересен. Никогаш нема да ти биде досадно со неа.Жената Риби е различна од сите други. Жената Риби не е лажица за секоја уста. Жената Риби е скапоцен камен што мора да се чува. Жената на Риби … е најдобриот избор што некогаш сте го направиле.
Рибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Изгледаат наивно и срамежливо, но тие имаат луда страна и воопшто не се срамежливи пред оние кои добро ги познаваат.
Тие се сочувствителни. Жената Риби поседува огромно срце, кое е способно на огромна емпатија.
Рибите се компатибилни со луѓето родени во знаците Бик, Рак, Јарец и Риби.