На задоволство на гледачите, Канал 5 телевизија ве известува дека се наближува почетокот на новата, петта сезона на една од најгледаните забавни емисии – „Голден Карпет“! На 22-ри септември, недела, точно во 19:30 часот, подгответе се за одлична вечер полна со новитети, ексклузивни гости и нови возбудливи рубрики.
Новите рубрики ќе донесат уште повеќе забава и динамика, но она што останува непроменето е истата позитивна енергија која ја шири тимот на „Голден Карпет“.
Миро Кацаров останува вашиот добро познат домаќин, а покрај него ќе блескаат и Моника Црнокрак и Ева Јовановска, кои додаваат посебен шарм на емисијата.
Поврзани објави
Новата сезона ветува ексклузивни разговори, интересни предизвици и игри, со некои од највлијателните личности од Македонија и регионот.
Не го пропуштајте стартот на петтата сезона на „Голден Карпет“ – 22-ри септември, во 19:30 часот, само на Канал 5!
Видео: Инстаграм