Ви претставуваме рецепт за вкусен чоколаден колач, кој е готов за само 15 минути!
Половина литар млеко, кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер, кутија кекс со фил од желе, кутија обичен, тврд кекс.
За глазурата: 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажици вода, 3 лажици шеќер.
Во правоаголен сад за колачи наредете го тврдиот сад на дното.
Сварете ги млекото, пудингот од кесичка и шеќерот, па со добиената смеса прелијте го кексот.
Растопете го чоколадото на пареа, додајте вода и шеќер и мешајте додека добиете густа смеса.
Тргнете ја смесата од оган и додајте го путерот. Мешајте додека се растопи, па сипете ја смесата врз колачот.
Оставете го колачот да се излади, па послужете го!
Текст: Убавина и здравје
Фото: Pexels/JÉSHOOTS