Почетна МакедонијаДенови на медиумска писменост под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна”

Денови на медиумска писменост под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна”

од nenad
1 минути читај за




„Размислувај критички, состави ја целата приказна” е мотото на годинашните Денови на медиумска писменост 2022, кои ќе се одржат од 25 октомври до 1 ноември, а се посветени на различностите и медиумската писменост.

Одбележувањето ќе започне денеска со прес-конференција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на која директорот Зоран Трајчевски ќе ги отвори Деновите на медиумска писменост 2022 година.

Во периодот од 25 октомври до 1 ноември ќе бидат одржани низа настани (онлајн и/или во живо) и ќе бидат емитувани посебни медиумски содржини и филмска програма, преку кои ќе се отворат повеќе аспекти на различностите во медиумите.

Со ова, Мрежата за медиумска писменост се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО чиешто мото е „Негување доверба: Императив за медиумската и информациската писм еност”.

Целата програма на Деновите на медиумска писменост 2022 можете да ја погледнете тука.



Leave a Comment