Почетна ТехнологијаМаж од Кумановско ќе лежи шест години затвор поради кражба на струја

Маж од Кумановско ќе лежи шест години затвор поради кражба на струја

од nenad
0 минути читај за




Полицијата утринава привела 46-годишен маж од кумановското село Черкези. Како што информираат од МВР, И.Љ бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од 6 години за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа затвор Куманово за издржување на казната.