Почетна ЕкономијаТри лица повредени во сообраќајка во Битолско

Три лица повредени во сообраќајка во Битолско

од nenad
1 минути читај за




Три лица се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа меѓу „хјундаи“ и „фолксваген поло“ во Битолско.
„Вчера во 22.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(21) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(30) од с.Белче, демирхисарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „хјундаи“, М.Г.(21) од с.Брусник, битолско и возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница во Битола“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.