АУЕ ФОН и ГРАВЕ осигурување денеска потпишаа договор за соработка со фокус на програмата “20 часа СТУДИРАЈ и 20 часа РАБОТИ” каде нашите студенти ќе имаат можност да бидат дел и да учат во платена пракса во една од најуспешните компании, ќерки на австрискиот концерн Grazer Wechselseitige Versicherung AG кој постои повеќе од 190 години.
Традиција, сигурност и стабилност се главните одлики за успешното работење на ГРАВЕ Осигурување АД Скопје. Со овој договор овие две институции ќе си помагаат меѓусебно во делот на развој на научните образовните и практичните решенија во нашето општество со фокус на идните генерации.