Адам Сендлер е еден од најплатените актери во Холивуд, но неговиот живот е многу скромен
Минатата година Адам Сендлер се најде на листата на најплатените холивудски актери, кога неговиот филм стана најгледан на платформата Нетфликс. Благодарение на тоа, Адам заработил 73 милиони долари.
Вчера, Адам го обележа својот 58. роденден и сè продолжува да нè расположува со својата глума и комедија.
И покрај големото богатство, Адам го бие глас дека многу е скромен и дека никогаш не се однесува како холивудска ѕвезда. Тоа најмногу се гледа по тоа што не се оптоварува со модата и изгледот, но и по тоа што секаде со себе го води своето семејство, кое го става на прво место.
Адам повеќе од 20 години е во брак со сопругата Џеки, со која претходно бил пет години во врска. Со оглед на тоа што тие се 25 години заедно, во Холивуд важат за вистинска реткост.
На Адам и Џеки првпат им се вкрстиле патиштата на снимањето на филмот „Големиот тато“ од 1999 година. Присетувајќи се на нивната прва средба, Адам рекол:
„Ни се сретнаа погледите и веднаш се вљубивме еден во друг“, ова бил моментот што ја поставил основата на нивната трајна врска.
Поврзани објави
Покрај тоа што соработувале на екранот, нивниот однос се развивал и надвор од работата и прераснал во длабока врска.
Години подоцна, Адам и Џеки тргнале на заедничко патување, кое кулминирало со искрена размена на брачни завети на 22 јуни 2003, на бајковита еврејска церемонија што се одржала на имотот на Дик Кларк во Малибу на брегот на океанот.
Како доказ за нивните заеднички вредности и љубов, Џеки преминала во јудаизам во 2000 година. Тие имаат две ќерки на кои им се максимално посветени и сè што заработуваат, го вложуваат во нивната иднина.
Адам Сендлер, иако има заработено вистинско богатство, одбира да води скромен живот во една семејна куќа, која не е претерано луксузна и богата. Неговиот главен фокус е на семејството и на заедничките мигови што ги поминува со сопругата.
Единственото нешто на коешто троши пари се патувањата во разни земји. Обожава да посетува разни дестинации, па така може да се каже дека патувањата му се голема пасија.
ФОТО: Инстаграм @adamsandler