Една од најнеобичните двојки на јавната сцена се Хафпор Тор Јулиус Бјорнсон, кој глумеше во ТВ-серијата „Игра на тронови“, и неговата сопруга Келси
Хафпор „Тор“ Јулиус Бјорнсон, попознат како „Планина“ од „Игра на тронови“, висок е 206 сантиметри, а неговата тежина варира помеѓу 180 и 200 килограми. Тој редовно учествува во натпреварот „Најсилниот човек на Земјата“.
Можеби би си помислиле дека е оженет со жена која физички му парира, но тој пронашол љубов покрај Келси Хенсон, која е висока 157 см и има само 50 килограми. Тоа значи дека Келси е половина метар пониска од својот сопруг, а 130 килограми полесна од него.
Оваа двојка ги прифатила своите разлики со хумор, па речиси редовно објавуваат видеа на кои се гледа колкава е физичката разлика меѓу нив.
„Никогаш не ве собира заедно во кадар… Проблемите на ниските луѓе кога се заедно со високи луѓе“, напишала оваа 34-годишна „Палешка“ своевремено на Инстаграм.
Поврзани објави
Тоа не е единствениот проблем со којшто се соочуваат поради разликата во висината. Многумина се прашуваат како се бакнуваат или како изгледаат нивните интимни односи. Сопружниците решиле да им ги откријат овие скокотливи детали на обожавателите.
„Како се бакнувате? Дали секогаш скокнуваш во негова прегратка и ги обвиваш нозете околу неговата половина? Те молам сподели фотографија од оваа импресивна акција“, напишал еден од следбениците на Келси.
„Ах, тој се наведнува, а јас се кревам на прсти. Или само си велиме ‘батали го ова’ и тој ме подигнува“, признала оваа ситна дама.
Славниот Исланѓанец со титанска градба ја запознал Келси пред неколку години во еден бар, каде што таа работела како келнерка и веднаш си се допаднале еден на друг. Брачните завети ги размениле во 2018 година, а имаат син Стормур, додека Хапфор има и ќерка Терезија од претходната врска.
Во ноември 2023 година, сопружниците споделиле тажни вести. Келси во 21. недела од бременоста донела мртво дете на свет – девојче на кое му го дале името Грејс.