Биографијата на познатата американска актерка Деми Мур со наслов „Inside Out“ крена голема прашина, особено поради некои детали од младоста на актерката за кои јавноста ништо не знаела.
Животот дефинитивно не ја галел славната холивудска актерка Деми Мур, која кога била дете, била принудена со прсти да ѝ ги вади таблетите од грлото на својата мајка, која се предозирала. За тоа актерката пишува во својата автобиографија Inside Out, која ја објави пред неколку години, но поради опишаните случки од животот на Деми, се’ уште крева голем прав во јавноста.
Деталите што најмногу ја шокирале, но и ја потресле јавноста, се две страшни работи кои младата Деми ги преживеала поради мајка си.
Имено, кога имала само 15 години, мајка ѝ му дозволила на еден маж да ја силува Деми. По гнасниот чин, тој ѝ дал на мајка ѝ околу 400 долари и ја прашал Деми:
„Какво е чувството да се биде продаден?“
Поврзани објави
Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство“, напишала актерката во шокантната биографија.
Кратко потоа, Деми ја напуштила куќата на мајка ѝ и сама се пуштила во светот. Така почнал животот да ѝ станува подобар.
Видео: Инстаграм (@bradgoreski)