Почетна ЕкономијаВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет 

од nenad
1 минути читај за

СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет.

СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата.
Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија.

СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба.

За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: МИА