Почетна Убавина и здравјеПејачката излезе во јавноста и откри зошто го оставила – Убавина и здравје

Пејачката излезе во јавноста и откри зошто го оставила – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале раскинаа.

Во официјалното соопштение на својот инстаграм-профил, Ана Николиќ ги откри деталите зошто раскиналa со композиторот Горан Ратковиќ – Рале.

Како што отсекогаш ја слушавте вистината од мене, така ќе биде и сега… – почнува Ана, па додава:

„Случајност или не, токму тоа е каменот на раздорот! За мене постои една вистина и јас сум многу исклучива. За Рале, „животот не е толку исклучив“. Тоа е суштинска разлика во разбирањето на светот и животот. Јас сум личност „или-или“. Рале се претставуваше на ист начин цела година, но во основа е човек за „компромис“. Да го наречеме „но“. Тој збор не постои во мојот речник.
Знам дека огромното мнозинство очекува поголем хаос, трето лице… а јас би дала се’ на светот да беше така. Јас го решавам тоа, веќе знаеме како…


Поврзани објави

Ова е прашање на карактер, а тоа е непроменливо. Да, извини… но немам време да ги објаснувам никому, освен на Тара… работите што се подразбираат. П.С. Жал ми е што го уништивме нашето пријателство, но верував дека љубовта вреди. Никогаш веќе не можеме да бидеме ни пријатели, бидејќи засекогаш ја прекинувам врската. Никогаш не му се вратив на ниту еден маж. Благодарна за се’ што направивме… благодарна за секоја емоција што тој ја вметна во песните… како и се’ што беше во мојот живот… Ова е една од најтешките одлуки во мојот живот, но неизбежна е – заклучува Ана.

Да потсетиме, Ана неодамна го издаде својот деветти студиски албум насловен „Благодарам, довидување“, на кој работеше Рале.