Миленикот на Брена ја напушти семејната вила, сега живее во уште поголем луксуз.
Помладиот син на познатата југословенска музичка ѕвезда Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, неодамна се исели од луксузната семејна вила на Бежанијска Коса.
Младиот Живојиновиќ не отиде далеку, купи стан во Нов Белград и сега ужива во уште поголем луксуз од 140 метри квадратни. Имено, како што е соопштено, Виктор за својот нов дом искеширал дури 700.000 евра.
Овој луксузен имот се наоѓа на 40-от кат, а Виктор еднаш објави фотографии на својот инстаграм-профил и го покажа погледот од терасата.
Инаку, Виктор со години се бореше со вишокот килограми, а потоа им се посвети на тренинзите и ја коригираше исхраната. За неколку години, тој ја доведе својата линија до совршенство и сега важи за еден од најпосакуваните момци.
Поврзани објави
Да потсетиме, наследникот на Боба и Брена ужива во врска со младата и убава водителка Софија Спасојевиќ. Се чини дека нивната романса е на стабилна основа, со оглед на тоа што Виктор веќе ја запознал со семејството, па дури и заедно заминале на крстарење со јахтата.
Фото: Инстаграм