Нејзината смрт длабоко потресе многумина, додека причината сè уште се истражува. Таа беше една од најубавите актерки на своето време, а позната е и по тоа што десет пати се мажеше и исто толку се разведуваше.
Легендата на турската кинематографија Аху Тугба почина во својот дом во Мајами на 69-годишна возраст, во Соединетите Американски Држави, каде што живееше последните неколку години. Веста за нејзината смрт преку социјалните мрежи ја соопшти Хакан Солакер, главен уредник на магазинот „Bonne Vie“, наведувајќи дека информацијата ја добил од близок пријател на актерката.
Како што изгледа, ќерката на Тугба, Анжелик, ја пронашла својата мртва мајка во нивниот дом и веднаш ја известила полицијата.
Поврзани објави
Смртта настапила меѓу осум и осум и пол часот наутро по турско време, а причината сè уште не е позната. Сепак, познато е дека Тугба неодамна доживеала сообраќајна несреќа, по која била оперирана и долго време поминала во болница. Покрај тоа, таа се бореше и со тешка форма на астма, која дополнително ја влоши нејзината здравствена состојба.
Семејството на Аху Тугбе сè уште не ја објавило нејзината смрт, пишува турската верзија на веб-страницата Euronews.