Почетна МакедонијаКико Ман ја посети Македонската Православна Црква Света Злата Мегленска и ресторанот Македонски Мерак во Хрватска

Кико Ман ја посети Македонската Православна Црква Света Злата Мегленска и ресторанот Македонски Мерак во Хрватска

од nenad
0 минути читај за
Драги Македонци

Кога поминувате низ Загреб, топло ви препорачувам да посетите две места – Македонската Православна Црква Света Злата Мегленска и ресторанот Македонски Мерак.

Во црквата ќе го сретнете отец Кирко кој е вистински амбасадор на Македонштината а и на православието воопшто. Со својот тим, направиле чудо – изградиле храм со кој сите можеме да се гордееме. Модерно и Tрадиционално. Македонско и Европско.

Во Македонски Мерак ќе уживате во прекрасната храна и услуга од македонски традиционални јадења до морски специјалитети. Прават и сопствено пиво!

Загреб – пример за успешна македонска заедница!