Поранешниот учесник во бројни српски реални шоуа, Иван Маринковиќ, познат и како поранешен сопруг на пејачката Гоца Тржан, гостувал во емисијата „Народ пита“, во која дошло до остар конфликт помеѓу него и Марко Ѓедовиќ.
Изговориле тешки зборови и прозивки, па потоа еден за друг откриле „валкани работи“.
Маринковиќ објавувал разни преписки, додека Ѓедовиќ шокирал со фотографија од претепаниот Иван.
Дрогиран ги допираше луѓето, па си го доби. Ова не се лажни преписки, кои понекогаш се бели, понекогаш сини, ова е доказ. Срце мое“, напишал Марко Ѓедовиќ покрај објавената фотографија на Иван Маринковиќ.
Нивната „војна“ продолжила и по завршувањето на емисијата, кога еден на друг почнале да се обраќаат преку Инстаграм.