Рафаел Надал повторно се најде во центарот на медиумското внимание. Иако одамна не сме го виделе целосно среќен на тениските терени, снимката на која си игра со својот двегодишен син ја воодушеви светската јавност, а особено неговите обожаватели, кои не можеа а да не забележат колку е исполнет и среќен шпанскиот тенисер кога е во друштво на својот наследник.
Имено, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) се појави видео на кое гледаме како познатиот тенисер и освојувач на 22 Грен слем титули се гушка со својот син, а потоа го крева, го врти, го гушка и бакнува, а малиот Рафаел Јуниор прифаќа сè со широка насмевка, еднакво среќен што има можност да се дружи со тато.
Поврзани објави
Hey everybodyguys if you weren’t already smiling you are now pic.twitter.com/uMuuFLbB3G
— TroubleFault (@troublefault) August 5, 2024
Видео: Х