Почетна Технологија(ИНТЕРВЈУ) Гаши: Ме оцрнуваат зашто не прифаќаат поинаков профил на функционер!

(ИНТЕРВЈУ) Гаши: Ме оцрнуваат зашто не прифаќаат поинаков профил на функционер!

од nenad
1 минути читај за

 

Тој додава дека неговата политичка мисија отсекогаш била да покаже дека, како што вели, земјава може да ја водат професионални, компетентни, квалификувани и доброобразовани поединци. Воедно, посочува дека за време на трите месеци, колку што е на оваа функција, направил значајни чекори за воспоставување и функционализација на парламентарна инфраструктура на Собранието. –Мојот избор за претседател на Собранието беше поддржан од сите коалициски партнери, а мојот професионален интегритет е нешто со што се гордеам, без разлика дали го ценат сите.

 

Проблемот што некои кругови го имаат не е со моите квалификации, туку со фактот дека јас претставувам нов профил на носител на функција во оваа земја. Како претседател на Собранието, врз себе носам минато како правник, уредник, долгогодишен граѓански активист и десетгодишно политичко искуство. Мојот избор беше заснован на заслуги, а не на сомнителни зделки или врски. За разлика од некои други слични политички експоненти, јас немам членови на семејството на високи државни позиции, кај мене не може да најдете ниту еден случај на злоупотреба на позицијата за лични или семејни придобивки… – вели во интервјуто спикерот Гаши, кој е и еден од фронтмените на коалицијата ВЛЕН.

Разговараше: Влатко СТОЈАНОВСКИ