Почетна ТехнологијаЗадолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

од nenad
1 минути читај за

Ова, како што вели Мехмедовиќ, е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи, кои може да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со коронавирус.

   

Препораката, како што информира, ќе биде доставена до Министерството за здравство и ресорниот министер.Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментот во државата има доволно вакцини и лекови што може да бидат на располагање.

Информира дека засега нема препораки за маски во јавниот превоз и во домовите за стари лица и за лицата со посебни потреби, а во врска со носењето маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти препораките се неформални.Според портпаролот на Комисијата, во државата има мал број случаи на заразени од коронавирус. Сепак, истакна дека не може лесно да се собере материјалот што треба да се обработи.