Почетна Убавина и здравјеНикола Роквиќ гордо се пофали со стомачните мускули, а ВАКА изгледаше претходно! (ФОТО)

Никола Роквиќ гордо се пофали со стомачните мускули, а ВАКА изгледаше претходно! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Српскиот пејач Никола Роквиќ на својот инстаграм-профил покажа низ каква трансформација помина во последните 2 години.

За шест месеци најпрвин успеа да ослабе околу 20 килограми, а му помогнала и хуманитарната мисија која ја помина пеш од Белград до Егина во Грција.

Инаку, пејачот се посвети на здрав начин на живот, а покрај намалената исхрана, спортува и не пропушта тренинзи.

Сега на својот инстаграм-профил сподели фотографија од себе сега и како изгледал пред две години.

Пејачот сега е многу мускулест, со извајани стомачни, а луѓето во коментарите се восхитуваа на неговата трансформација и го пофалија како изгледа сега.

Да потсетиме, тој годинава пешачеше од Белград до грчкиот остров Егина каде се поклони на моштите на Свети Нектериј, а целата акција имаше и хуманитарен карактер, бидејќи беа собрани неколку десетици милиони динари за лекување на деца заболени од рак.