Музичката ѕвезда Лепа Брена реши да ја изнајми јахтата што ја поседува, а која е проценета на шест милиони евра…
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се сопственици на јахта вредна 6.000.000 евра, на која летово не потрошиле време, за разлика од претходните. Имено, оваа година познатото дуо времето го поминало на помало пловило, најмногу уживајќи на хрватското приморје, додека годинава речиси и не се „спуштиле“ во Црна Гора.
Сепак, дали поради кризата Брена и Боба решиле да ја продадат својата луксузна јахта долга дури 30 метри? Во врска со ова, луксузниот брод се најде на веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната.
Поврзани објави
Како што е наведено, јахтата можете да ја изнајмите во вонсезона, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.
Да потсетиме, јахтата на Лепа Брена има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања. Секако, тука е и големата дневна соба, мермерната маса и огромниот телевизор.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: