По објавувањето на своето EP пред неколку месеци, музичката ѕвезда Милица Павловиќ призна дека поради една песна плачела со денови. Инаку, нејзиното EP „Милијарда“ со 5 песни ги собори сите рекорди на слушаност.
Станува збор за балада која оставила посебен впечаток на неа и која особено го опишала нејзиниот живот и тешките периоди низ кои често поминувала.
Поврзани објави
„Мелодијата на песната „Простувај” ја слушав откако ја добив, плачев секој ден. Го велев тоа, а не знаев зошто плачам, но песната буди нешто во мене на што не можете да останете имуни,“ – открива Милица и додаде дека текстот особено ја погодил:
„Тоа е почетокот на крајот. Толку е прекрасна таа песна и текстот. Среќна сум што толку добро поминува и што е на врвот на сите листи на слушаност.“