Пејачката Тијана Дапчевиќ на нејзиниот последен настап во Сараево го привлече вниманието на сите со својот неверојатен моден избор. Облечена во впечатлив сино-сатенски фустан со нагласен бел детал во форма на панделка, таа изгледаше елегантно, модерно и софистицирано.
Со својот стил и самоуверената појава, Тијана го освои црвениот тепих, но и срцата на публиката. Додека фустанот совршено го нагласува нејзиниот став и фигура, нејзината кратка фризура и едноставната, но ефективна шминка ја надополнуваат целосната појава, додавајќи и на изгледот на модерна и силна жена.
Поврзани објави
Фото: Принтскрин
Ова модно издание уште еднаш потврдува дека Тијана не само што е талентирана на сцената, туку и вистинска икона на стилот која знае како да го изрази својот карактер преку модата.