Премиерот Христијан Мицкоски не неговиот официјален фејсбук профил објави дека денеска во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада.
-Денес имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата.
Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада.
Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна.
На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ, стои во објавата на фејсбук профилот на премиерот Мицкоски.
ЛИДЛ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија.
Присутен е во 31 земјa, каде оперативно работи со околу 12,000 продавници и вработува повеќе од 360,000 луѓе. ЛИДЛ од септември 2021 година е присутен и во земјава.
вг/дма/Фото: Христијан Мицкоски фб .
Извор: МИА